СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 5 јуни. Оваа одлука ја соопшти лидерот на партијата, Зоран Заев неколку минути откако спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски го распушти Собранието.

-конференција-на-претседателот-Зоран-Заев

– Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни избори и за принципот еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше потпишан за тоа да се обезбеди. Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочисти, медумите не се рефрмирани. За нас зборот е збор. Не се отккажуваме од принципите. Во име на тој збор и на тие принципи СДСМ нема да учествува на овие избори. Во изминатите месеци граѓаните на Македонија видоа и слушнаа дека ВМРО-ДПМНЕ не го почитува Договорот од Пржино за да го заштитат својот криминал. За да останат на власт продоложуваат со криминалот и корупцијата и не бираат средства – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршува Договорот од Пржино и дека ги затвараат устите на сите кои мислат поинаку и ушите на сите за да не се дознае вистината.

– Нема да дозволиме да згасне последниот пламен на слободата и демократијата во Македонија. Ги повикуваме сите граѓани без разлика на политичка, верска и етничка припадност да ја зачуваме демократијата заради иднината на Македонија. Вистинската власт се граѓаните. Му порачувам на Никола Груевски дека нема да го згасне светлото на слободата и демократијата. Или Груевски или Македонија – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека власта ги држи во заложништво министрите на СДСМ.

-Нашите министри и доплнителни заменици министри денеска на време си поднесоа оставки, но некој се дрзна да ги држи во заложништво. Ќе направиме се за нашите луѓе да не бидат дел од владата која планира да спроведе кириминални избори. Исто така, утре имаме состанок со нашите членови од ДИК и ќе донесеме одлука дали и тие ќе се повлечат од Комисијата. Една од поизвесните одлуки и дека и тие ќе бидат повлечени – рече Заев.

Тој додаде дека цел ден се консултирале со меѓунардоната заедница за овој потег. Тој вели дека консултациите оделе во таа насока, за можноста за спроведување на регуларни избори.

Одговрајќи дали Договорот од Пржино е мртов, лидерот на опозицијата рече дека не може да каже дека е мртов, но може да констатира дека Собранието се распуштило без обезбедени минимум услови за фер и демократски избори.

На прашањето што планираат понатаму и дали ќе продолжат со објавување на „бомбите“, Заев рече дека со сите средства, согласно Уставот и законите, ќе се борат за враќање на демократијата во државата.

 

МЕТА

Слични содржини