ВИДЕО од аудицијата на Шерон Стоун за филмот „Ниски страсти“

од Stefanija Kuzmanovska
490 прегледи

Можеби најимпресивната улога на Шерон Стоун е онаа во филмот „Ниски страсти“ во режија на Пол Верховен. Таму ја играше Кетрин Тремел, а со својот изглед и актерски способности го освои целиот свет.

Како што еднаш самата призна, за да ја добие улога во „Ниски страсти“, била фотографирана за списанието „Плејбој“.

„Одлучив да се сликам за Плејбој специјално поради тоа што ја сакав улогата во во филмот Ниски страсти“, рече Шерон и додаде:

„Не разбрав што ќе се случи кога ќе го снимам тој филм. Мислам дека тоа беше вистинската улога за мене и знаев дека морам да ја добијам. Немав доволно перспектива за да разберам што се случува“, рече актерката.

Шерон Стоун фасцинираше и на аудицијата, каде воодушеви, и дефинитивно ја доби улогата што ја направи славна.

Слични содржини