Бизарен момент се случи на Мет Гала кога на црвениот тепих влегла бубашваба и набрзо стана хит на социјалните мрежи.
На престижниот моден настан Мет Гала во Њујорк, среде позирање на куп познати личности во најгламурозните креации, вниманието успеа да го украде бубашваба!
Roach Roacherson has arrived! 🤭🪳 #MetGala pic.twitter.com/ag8OkbflNA
— People (@people) May 2, 2023
Имено, среде чекорење по црвениот тепих вниманието на фотографот го привлече бубашваба која се прошета меѓу најголемите светски ѕвезди.
Секако, сите побрзаа да го овековечат овој „симболичен њујоршки момент“ кој набрзо стана вирален на социјалните мрежи.
Kevin Mazur poses with his photo of the cockroach at the #MetGala. https://t.co/OcPy5ckhQN pic.twitter.com/MFkFn8eyUk
— Variety (@Variety) May 2, 2023
Variety на крајот го објави трагичниот крај на бубашвабата, прикажувајќи ја како прегазена на крајот од нејзиниот „поход“ на црвениот тепих.