Нов вирален TikTok ни доаѓа од Грција, каде Шкода Карок заврши во морето. Сепак, интересно е како капачите од блиската плажа решиле да го извлечат овој кросовер од водата.
Несреќата се случила минатиот петок на грчкиот остров Егина во близина на Атина, кога белата Шкода Карок од засега непознати причини се истркалала во морето. Во официјалното соопштение само стои дека автомобилот бил паркиран на пристаништето.
Мештаните и туристите на плажата веднаш тргнале на помош штом забележале необичен предмет во морето. Тие со чамец го извлекле автомобилот до плиткото пред водата да успее да навлезе во кабината и да ја потопи. Во плиткото се собраа капачите и формираа „човечки синџир“. На крајот со заеднички сили ја извлекоа шкодата од морето.
@maraislabonita Μια βολτα στο λιμανι της Αιγινας κανεις; #aegina #aeginaisland #islandertiktok #tiktok #car #caraccident #fun #funnyvideos #funny #summer #summer2023 ♬ Vougiouklaki…O glares – Savouidaki.m
Како што пишува „Index“, видеото од целиот инцидент стана вирално на TikTok откако беше објавено од корисникот @maraislabonita. Иако видеото сугерира дека возачот заборавил да ја притисне рачната сопирачка, фактот што Карк има автоматска сопирачка за паркирање сугерира дека возачот веројатно заборавил да го стави менувачот во П позиција.