Видео од Киев за инфаркт: Проектил погоди тролејбус, маж за влакно избегна смрт

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појави драматично видео на кое се гледа како проектил погодува тролејбус во предградијата на главниот град на Украина.

Видеото, кое го снимиле надзорните камери од блиската зграда, е објавено на Твитер профилот на „Некста“, белоруски опозициски медиум.

Видеото прикажува навидум тивка улица во едно од предградијата на Киев. Еден човек мирно се шетал во паркот кога ракета паднала на улица и погодила тролејбус. Човекот веднаш го променил правецот на движење и побрзал да излезе од паркот.

Проектилот уништил половина од улицата, а на местото на ударот се кренал чад и прашина.

Не е познато дали има жртви во овој напад.

Потсетуваме, неколку силни експлозии одекнаа во главниот град на Украина во 11 часот по локално време. Локалните власти истакнуваат дека станува збор за противвоздушна одбрана, која ги одбила нападите на руската авијација.

Најмалку едно лице загина во напад на станбена зграда во Киев, а 12 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Слични содржини