ВИДЕО од колапсот на облакодерот на Флорида: Се трага по 50 лица

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од колапсот на облакодерот на Флорида, во кое едно лице загина, а 35 беа извлечени од урнатините. Очевидци велат дека овој момент ги потсетил на уривањето на кулите близначки на 11 септември 2001 година.

Видеото е објавено на профилот на Твитер на новинарот на „Фокс“, Енди Слејтер, и го прикажува моментот на уривање на дванаесеткатницата.

Во моментот има 80 противпожарни единици на местото на несреќата, објави противпожарната служба во Мајами на Твитер. Според информациите пренесени од ABC News, најмалку осум лица биле пренесени во болницата, а едно лице починало.

Спасувачките екипи во моментов ги демонтираат урнатините во потрага по преживеани, а според неофицијални информации, дежурните служби пронашле неповредено момче пред еден час.

Засега нема информации колку луѓе имало во зградата, а не се знае колку од нив биле заглавени во урнатините. Се проценува дека околу 50 луѓе се наоѓаат некаде во урнатините, а спасувачите изјавија дека потрагата може да трае со денови.

Слични содржини