На социјалните мрежи неодамна повторно се појави видео од принцезата Дијана како свири на пијано.
Снимката е направена во Мелбурн во 1988 година на кралската турнеја на принцот Чарлс и Дијана во Австралија.
На последниот ден од нивната посета на Австралија, тие двајцата го посетија Мелбурн, а Дијана ги воодушеви своите обожаватели кога отсвири дел од Рахмањиновиот клавирски концерт број 2, и тоа без нотен запис пред неа.
Тоа беше втора посета на Дијана на Австралија откако стана дел од британското кралско семејство. Овој настан беше прикажан неодамна и во хит серијата „Круна“ на Нетфликс.
Видеото покажува како принцот Чарлс и принцезата Дајана влегуваат во просторијата за проби каде музичарите свират во полукруг.
По првичното двоумење, Дијана го зазеде своето место на пијаното и започна да свири концерт, што според музичките експерти е неверојатно комплициран.
По ова, професорот, кој беше воодушевен од нејзините вештини, ја бакна Дијана во образ.
Инаку, принцезата Дијана започна да свири пијано уште како мала и се вели дека била исклучително талентирана.