ВИДЕО од скандалозната тепачка: НБА ѕвезда нокаутира соиграч

од Nikola Popovski
249 прегледи

Крилниот центар на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин удира силно како боксер.

Во деновите кога во НБА на големо за зборува за тепачката со бекот на тимот, Џордан Пул, се појави и видео од инцидентот.

Двајцата најпрвин вербално се пресметале, а потоа брзо прераснало во физичка пресметка, каде што се гледа дека Грин со десната рака го удрил Пул директно во лицето.

Пул минатата сезона беше еден од најважните „џокери“ на Голден Стејт со просек од 18,5 поени, додека Грин со години е еден од лидерите на тимот заедно со Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Грин и претходно влегуваше во кавга со соиграчите, а познато е дека беше имаше судир и со Кевин Дурент.

 

Слични содржини