Претседателот на Русија Владимир Путин пристигна на островот Тузла, за да ја провери работата на изградбата на мостот во Керченскиот теснец, соопшти Интерфакс. По повод втората година од пристапувањето на Крим кон Русија Путин ја проверува работата на мостот, кој треба да ги поврзе континентот со полуостровот.Тој прелетал со хеликоптер над изградбата. Се очекува подоцна да одржи седница за социо-економскиот развој на Крим и Севастопол.
Во руските медиуми се појави информација дека ЕУ ги повика земјите од ОН да воведат санкции против Москва поради присоединувањето на Крим. На овие работи Прес секретарот на руското претседателство Дмитриј Песков одговори на следниов начин:
“Крим е руски регион и тоа не е предмет на меѓународни преговори. Русија нема разговарано и нема да разговара со никого за своите региони. Во конкретниот случај треба да се почитува волјата на кримјаните и одлуката што тие ја донесоа пред две години “, рече уште Песков.
