(ВИДЕО) Ода за мајката со Алесандра Амброзио

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Еден од најсреќните периоди во животот на една жена е кога ќе стане мајка.dc2cbc0bb35b805ac83b9a460ceb6830

Одговорната задача сигурно не е лесна, со оглед на натовареното секојдневие и распоредот на современата вработена дама.

Токму стилизираната, силна и борбена жена е главна инспирација за Michael Kors , кои секоја сезона градат концептуална нишка на ревијата на основа на овој лик.

За пролет-лето 2016 модната куќа претставува една своевидна ода за мајката, олицетворена од ангелот на Victoria’s Secret – Алесандра Амброзио.

Убавицата застанува пред објективот на фотографката Памела Хенсон, но овој пат не во улогата на заводничка, туку на современа мајка.

Кадрите ја претставуваат Бразилката во друштво на својата ќерка, Ања, во повеќето природни ситуации за мајка и бебе – подготовка на колачи, избор на подароци и мили бакнежи.

Се разбира, од Michael Kors не пропуштаат да внесат голема доза стил во кампањата, додавајќи ги култните производи од чанти до префинети часовници и ѓердани.

Рекламните кадри се дополнети од специјално видео, кое запечатува  многу мили моменти меѓу Алесандра и Ања.

Можете да ги видите сите кадри – во нашата галерија.