(ВИДЕО) Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ против Заев

од desk3
90 прегледи

Кривичнио суд денеска го одложи рочиштето за случајот „Поткуп“ против лидерот на опозицијата Зоран Заев. Одбраната соопшти дека причината за одложување е службен состанок на Заев со амбасадорот на Кина. Неговиот адвокат Ване Андреев изјави дека на следното рочиште кое е закажано за трети март Заев ќе присуствува.

Во случајот „Поткуп“ претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица е обвинет за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште. Одбраната на Заев тврди дека постојат цврсти докази дека тој не примал мито од локален моќник во Струмица и дека кривичната против него е неаргументирана.

zaev

Случајот беше отворен откако во јавноста се појави видео снимено во Кабинетот на струмичкиот градоначалник каде наводно се договара поткупот од 2 евра за квадрат за градежно земјиште кое бизнисменот сакал да го купи.