ВИДЕО: Огромен пожар во Париз, гори најголемиот пазар во светот

од Берта Китинска
226 прегледи

Огромен пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз.

Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува Le Figaro.

Рунгис, пазар кој се наоѓа на периферијата на Париз и се протега на 234 километри, е иконично место за љубителите на храна.

Толку е голем што ви треба автомобил за да одите од една во друга сала.

Овде париските готвачи ги купуваат состојките за нивните јадења.