Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани јавија српските медиуми.
„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад. Ова е страшна трагедија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде. благодарам на сите работници кои помагаат и се борат да ги спасат луѓето кои се под урнатини“, рече премиерпот на Србија, Милош Вучевиќ.
„Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, рече Вучевиќ.
Obrušila se nadstrešnica na ulazu u tek obnovljenu zgradu železničke stanice u Novom Sadu. Više vozila hitne pomoći na licu mesta ukazuje na to da ima i povređenih. https://t.co/bFALh6HMwA pic.twitter.com/UHWalC6zFc
— Demokratska stranka Novi Sad (@GODSNoviSad) November 1, 2024
Српскиот министер за внатрешни работи на таа држава Ивица Дачиќ изјави: „Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна беше во тек спасувачката акција. Со тешка механизација учествуваат повеќе од 80 спасувачи од повеќе градови.“
„Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица во болница кои преживеаја, со тоа што состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините. “ рече Дачиќ.
Како што изјави, се комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, од кои едното е 14-годишно девојче.