(ВИДЕО) Ова е човекот кој ја предал Русија: Еве што се случи со него кога го фатија руските служби

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Судот во Русија ги осуди поранешниот резервен поморски офицер Евгениј Матаитас на 13 години затвор за продажба на државни тајни на Литванија, отако 39-годишниот руски државјанин е осуден за предавство, пренесе Ројтерс

jevgenij-mataitis-foto-printscreen-youtube-1460561821-885809

Федералната служба за безбедност, во соопштението посочува дека Матаитас признал дека литванската разузнавачка служба го регрутирала во 2009 година и дека тој се согласи да им предава државни тајни на вооружените сили на Русија во замена за месечна плата.
Според Судот, Матаитас шест години собирал податоци во регионот Калининград, руската енклава, која се граничи со Полска и Литванија, и во која е главната база на Руската Балтичката флота.

ФСБ, исто така, вели дека Матаитас, кој има двојно руско-македонски државјани, откако се изјасни за виновен е казнет парично со 200.000 рубли, нешто малку повеќе од 3,000 долари, одземен му е воениот чин, а казната ќе ја издржува во затвор со висок степен на безбедност.

АФП потсетува дека судскиот процес против Матаитас, кој беше уапсен минатата година во Калининград, уште еден во низата случаи во кои руските државјани се обвинети за предавство, шпионажа и откривање на државни тајни.