Судирот меѓу израелската армија и Хамас ги исплаши актерите на еден кошаркарски натпревар од Израелската лига, кој на крајот беше прекинат поради алармот што се огласи заради опасност од ракетен удар.
Натпреварот од втората лига на Израел помеѓу Макаби Ранана и Макаби Кирјат Мокин беше прекинат кон средината на последната четвртина, со резултат 84:60, откако едно лице влета на теренот и ги предупреди сите присутни на опасноста.
Според медиумите, никој од играчите на натпреварот не бил повреден, а во исто време бил прекинат уште еден дуел од израелскиот шампионат, кој сепак подоцна, го дочекал својот крај.
Откако се огласи алармот поради испуканиот проектил во градот Ранана во централниот дел на Израел, дел од кошаркарите од страв веднаш легнале на паркетот, а другите се упатиле кон излезот, за кратко потоа да го напуштат теренот.
A basketball game in the center of Israel, tonight
Video by @TherealIBBA pic.twitter.com/L9CknjybLD
— Arale Weisberg (@Aralos10) May 11, 2021