(ВИДЕО) Пародија за вистината за македонските Анонимуси

од Vladimir Zorba
96 прегледи

На YouTube каналот се појави видео-пародија, на веста дека таканаречени „Македонски анонимуси“ се закануваат со објавување на бомба за Зоран Заев но притоа не наведуваат од каде ќе биде овој материјал-дали од странска служба или пак од домашната служба.

parodijaAnonimusi

Наводно хакирано било како што се вели „дувлото на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев“.

Анонимуси Македонија се јавија по видеото кое се појави на YouTube, а кое содржеше закана до лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека ќе објават компромитирачки материјали за него.

Потоа со демант се јавија и Анонимуси Македонија, кои порачаа: Не наседнувајте, видеото не е наше.

-Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. Не наседнувајте. Анонимуси не се и никогаш не биле партиски поврзани, напишааа Анонимуси Македонија на својата Фејсбук страна.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на најaвите дека таканаречени македонски анонимуси ќе објавеле материјали за него “ за да се дознаела вистината“ возврати на својот Фејбук профил.

-Подготвени сме за т.н анонимуси..нека почнат, па ќе видат што значи вистински анонимуси, напиша Заев.