(ВИДЕО) Пендаровски: Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е

од Vladimir Zorba
92 прегледи

  Со денешната централна дебата во Скопје, „Градиме едно општетство за сите“, СДСМ ги заокружи планираните 28 дебати во предвидените 5 недели.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на Стево Пендаровски, носител на столбот Партерства за демократска Македонија.01

„Во рамки на проектот Визијата за Македонија, како што ветивме, бевме во голем број градови низ Македонија и во Скопје, дебатиравме со граѓаните, со невладиниот сектор, со претставници на граѓанскиот сектор, со експерти за сите проблеми во државата и за 5 те столбови што СДСМ ги подигнува заедно со граѓаните. Бладгодариме за сите досега споделени предлози, мислења, сигестии, со нас, коишто внимателно се разгледуваат. Нашата цел е Програмата на СДСМ да биде програма на граѓаните. Затоа најавуваме дека проектот Визијата за Македонија продолжува.

Ја победуваме нееднаквоста заедно. Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е. Создаваме граѓанска држава, наместо различни колосеци и предрасуди. За нас, мултукултурата во Македонија е вредност, а не проблем. Го враќаме достоиството на секој уметник и творец во земјата. Овозможуваме квалитетни услуги за сите граѓани во Македонија.-го-прашуваме-што-му-треба-а-не-кој-е

Ова е сосема обратен процес на градење на Македонија како едно општетство за сите, наспроти поделбите и раздорот што за политички цели ги поттикнува актуелната власт. Тие сакаат осиромашените граѓани да се занимаваат со етнички тензии, омраза и нетрпелливост, додека малата група на власт се богати.

Ние се фокусираме на надминување на оваа реална различност, социјалната раслоеност. Ставаме крај на нееднаквоста и дискриминацијата по каква било основа. Градиме едно општетство“, велат од СДСМ.