Министерството за одбрана на САД објави снимка од бомбардирањето на магацин за пари на припадниците на Исламската држава во ирачкиот град Мосул.

Беззвучната снимка, од која е симната тајноста, направена е на 11 јанури, а ексклузивно е емитувана на СНН.
На снимката е прикажано како неколку бомби со тежина од околу 1.000 килограми паѓа на зградата, а после експлозијата се гледа како во воздух летаат банкноти.
Се уште не е наведено колку точно пари се чувани во зградата и во која валута, но се работи за милиони.
Ова не е прв напад на складиште на пари на ИСИС. Парите терористите ги користат за да ги платат своите борци, да регрутираат нови, како и да спроведуваат разни други активности.
https://www.youtube.com/watch?v=crnEDY_zWjs