(ВИДЕО) Пешевски забореше па запеа: Едно име имаме во душава го носиме

од desk3
117 прегледи

Тука сме да им покажеме како се сака Македонија на тие кои сакаат земјата да ја видат на колена, рече на народниот собир во Штип, вицепремиерот Владимир Пешевски. Тој пред насобраните упати и порака до СДСМ.

„Со бомбите што ги објавуваат, тие свесно ги нарушуваат односите со Република Кина. На неодговорноста на СДСМ и желбата да се дофати до власт по секоја цена и нема крај, а тоа Македонија ќе ја чини многу”, рече Пешевски.

Набројувајќи ги проектите кои ги реализирале актуелната власт, Пешевски за да покаже како се сака Македонија, заедно со насобраните ја запеа песната „Едно име имаме”.