И Груевски и Јанкуловска и Јанакиески, сите што правеле криминал, имаат валкани раце. Тие знаат дека ќе одат во затвор и единствена шанса е да одржат избори како што биле и досега. Како што ги фалсификувале изборите до сега да ги фалсификуваат и овие, вели во интервју за А1он лидерот на НСДП, Тито Петковски.
– Затоа не дозволија имплементирање на договорот од Пржино ниту пак прочистување на избирачкиот список. Тој требаше да биде готов до септември, смета Петковски.
Според него, лицемерно е да бараат уште малку време за да се комплетира Избирачкиот список, иако ДИК нема поднесено извештај дека избори може да се одржат, а тие го распуштаат Собранието.
Целото интервју можете да го видите тука
