(ВИДЕО) Пике ѝ одговори на Шакира: Касио сега ми е спонзор

од Nikola Popovski
141 прегледи

Шакира во новата песна ги прозва Пике и неговата нова девојка, на што тој реши да одговори во јавноста.

Колумбиската пејачка Шакира и познатиот фудбалер Жерар Пике минатата година ја раскинаа долгата врска и брак, по што не останаа во добри односи. Причина за раскинувањето било неверството на фудбалерот, а се шпекулира дека Шакира во новата песна ги прозива него и неговата нова девојка.

Стиховите на новата песна на Шакира гласат „замени Ролекс за Касио“, споредувајќи се себеси со луксузните часовници, а девојката на Пике со поевтиниот бренд.

Во емисија која се емитуваше на стриминг платформата „Твич“, Жерар Пике индиректно одговори на прозивката на неговата поранешна партнерка и рече дека потпишал договор за партнерство со брендот за часовници „Касио“, додека носел еден од нивните модели на раката. Фудбалерот им даде по еден часовник на сите во студиото.

– Имам голема најава. Касио ни даде часовници. Имаме договор со Касио, тие се спонзори на оваа лига – изјави Пике додека останатите во студиото гласно се смееја.

Слични содржини