(ВИДЕО) Плата за обвинителскиот тим на Јанева од среда па натаму, закажана расправата за финансиски план за СЈО

од desk3
77 прегледи

katica janeva

За во среда е закажана расправата за кварталниот Финансиски план за Специјалното јавно обвинителство. Закажувањето на собраниската расправа следува откако СЈО посочи дека обвинителскит тим наЈанева се` уште немаат земено плата.

“Луѓето во Специјалното јавно обвинителство за декември месец немаат земено плата. Зошто? Затоа што во овие неколку дена од Нова година, а имавме до 31 декември седници на Собранието, не го ставиме на дневен ред да ја изгласаме програмата за финансирање на СЈО.

(ВИДЕО) Шекеринска за 360 степени: И Хан знае дека списокот не може да се прочисти до 24-ти април

Значи ние сега можеме да вработуваме кафекуварки со познавање на англиски јазик од ТОЕФЛ, меѓутоа не можеме и не му даваме на специјалниот јавен обвинител законски ингеренции да може да квалификува, односно да даде статус на заштитен сведок на определено лице”- рече пратеникот Петре Шилегов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, на 87-мата седница на Собранието на Р.Македонија
Од Собранието велат дека не станува збор за намерно одолговлекување на процесот, туку дека предлогот е ставен на првата наредна седница откако предлогот бил примен. „