Војската во опколениот од екстремистите на ИД сириски град Деир ез Зор , добиле сојузник, откако на страната на владината армија поминале борците на локалното племе Шајтат. Претходно тоа ги поддржуваше противниците на Башар Асад од вооружените формации на опозицијата. За причините на овој пресврт се кажува во репортажа специјалниот дописник на LifeNews Семон Пегов. Шајтат го нарекле својот воен одред “Лавовите на источната провинција” како противтежа на ударната напаѓачка група на ИД” Лавови на калифатот”. Еден од основачите и почитуван командант на војниците на Шајтат е Абдул Басет Алхалаф. Тој се најде во светските хроники во пролетта на 2015 година, кога го заби сириското знаме на предната линија пред “очите на овие кучиња од ИД”, по одбивање на напад на исламистите од воениот аеродром Деир ез Зор.
Неколку недела подоцна Абдул Басет загинал во борба и сега “лавовите” ги предводи неговиот роден брат Абдул Сатар Алхалаф.
Според него, за Шајтат војната со ИД е дело на крвна одмазда. Кога нивната земја била освоена од ИД, исламистите убиле над 5 илјади луѓе поради нивното одбивање да живеат според законите на “калифатот”. Трагедијата влијаела врз секое семејство.
“Сега ние се одмаздуваме, бидејќи тие заклаа нашите луѓе. Но главната цел е нашата земја, одмаздувајќе се на оние странци кои сакаат да ја завладеат “- рекол Абдул Сатар Алхалаф за LifeNews.
Пред тоа племето Шајтат било сојузник на “Слободната сириска армија” и војувало против Башар Асад. Кога сепак дошле исламистите, сите членови на племето се кренале во заштита на татковината. Тие одбиле да се заколнат верност кон ИД.
“Да, ние порано употребивме оружје против државата, но кога дојдоа странците да не управуваат, ние се здруживме против нив. Елитата на ИД се бореше со Шајтат, но понесе огромни загуби. Ние дејствуваме против терористите со нивните методи. Тие колат, ние колиме. Тие се закануваат на луѓето, ние исто така се закануваме “- рекол за LifeNews еден од командантите на ” лавовите на источната провинција “Фајсал.
Поради притисокот на исламистите племето било принудено да ја напушти земјата на источниот брег на Еуфрат. Сега дејствуваат заедно со владините трупи во Деир ез Зор и се наоѓаат на предната линија во борбата против заедничкиот непријател. Позициите на “лавовите” се наоѓаат на стратешки височини недалеку од Еуфрат, а нивната задача е да не дозволат пенетрација во градот на диверзиони групи. Тие се справуваат подобро со задачата.
Откако борците на Шајтат создале утврдени области непосредно на западниот брег на Еуфрат, екстремистите од ИД се поретко се одлучуваат да ја преминат со чамци реката за да ги нападнат позициите на сириската армија.
