(ВИДЕО) Поддршка за Студентски пленум и од колегите од Белград

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Студентскиот пленум и Автономните студентски зони добија поддршка од студентите од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград.

poddrskaBGD

Претходно поддршка стигна и од колегите од Словенија.

АвтономнатаЗона, велат студентите е начин на протест, а ваквиот однос од страна на Универзитетот е срамен и може да се разбере само како свесен обид да се попречат студентите во нивната борба за подобро високо образование.

На нивниот профил пишува:

„Издржете пленумци, подобри денови се на повидок.Студентите долго време го поттиснуваа својот креативен потенцијал.АвтономнатаЗона му ја враќа на студентот слободата по која копнее. АвтономнатаЗона е начин на протест, а ваквиот однос од страна на Универзитетот е срамен и може да се разбере само како свесен обид да се попречат студентите во нивната борба за подобро високо образование. Издржете пленумци, подобри денови се на повидок“.