Екатерина и нејзината пријателка купиле карти за Москва, а не за Санкт Петербург бидејќи била 188 долари поевтина. Кога слушнала дека авионот се урнал, ја повикала мајка си.

„Не знам што би било ако бев во тој авион, што ќе се случеше со мајка ми, татко ми, сестра ми и брат ми“, рекла Екатерина за руски „RT”.
Таа со нејзината пријателка требала да отпатува во сабота со кобниот лет од Шарм-ел-Шеик во Египет за Санкт Петербург. Но, поради поевтина карта, го промениле летот.
„Картата за Москва беше 188 долари поевтина од онаа за Санкт Петербург“, објаснила Екатерина која живее во град кој е 400 километри оддалечен од Санкт Петербург.
https://www.youtube.com/watch?v=VVZX3A4uoKc