Во последните години руската економија живееше и дури напредуваше во оранжериски услови кога парите во буквална смисла можеа да бидат извадени од нафтениот барел. По едно време дури изгледаше дека барелот дно нема. Но оваа недела стана конечна јасно: тука, за жал, повеќе нема што да се лови. Поради падот на цените на нафтата се тресе целиот свет. Професорот од Универзитетот за нафта и гас Валериј Бесел е убеден 100%: ниту Иран, ниту Саудиска Арабија, ниту САД засега не планираат да го намалат производството, плашејќи се од губење на пазарниот удел.
Во меѓувреме цената веќе паѓа под 32 долари за барел. При оваа вредност приносот на нафта од шкрилци во САД станува непрофитабилна, а на ниво од 25 долари – нафтата од бушотините во Мексиканскиот Залив. Кај 15 долари за барел ќе настане времено производтвството да биде запрено во Канада и Норвешка. Но, дури и нафтата да поевтинее до 10 долари, во Русија, Иран, Саудиска Арабија нафтените бунари едвај ќе прекинат со работа.
Таков нафтен колапс не се случува за прв пат. Во Норвешка, како и во Русија, над половина извоз спаѓа на нафтата и гасот. Но, она што Русите го преживуваат во моментов, Норвежаните го доживеале уште пред половина век.
Норвешка се спаси од нафтената игла кога едноставно престана да ги троши приходите од нафтата. Наместо тоа петродоларите беа прогласени за домен на граѓаните. Валутата одеше во посебна штедна каса, на чија сметка веќе има околу трилион.
Во Мексико пред 30 години “црното злато” беше прашање на живот и смрт за целата земја, која објави банкрот по падот на светските цени на нафтата. Денес нафтата е само една десетина од она што Мексико може да го понуди. И Мексиканците се исполнети со оптимизам, дури и по цена од 30 долари за барел, Москва би излегла на нула.
А во САД телевизиските канали во јануари радосно соопштуваа за испораката во Европа на првиот во последните 40 години танкер со американска нафта. Економскиот аналитичар Денис Ракша е убеден: започна финалната битка за тоа кој ќе ги дефинира новите цени на нафтата.
