Последните две епизоди од регионалното шоу Икс фактор беа вистинска драма. Стрес, возбуда, солзи и среќа беа присутни кај изведувачите, жирито и публиката. По поделбата во 4 групи, по една за секој ментор, следеа елиминациите на нивните шесторки. 
Во регрутниот камп среќа, но и талент, имаа да преживеат тројца Македонци и тоа сите момци. Двајца се во групата на Александра и еден на Масимо.
Слушнете ги нивните успешни претставувања и стискајте им палци да бидат победници и во следната фаза на натпреварот.
https://www.youtube.com/watch?v=DXkrT2c_kg4
https://www.youtube.com/watch?v=x2cCrmm8e8A