Премиерата е закажана за 6 ноември, а низ 96-те секунди колку што трае тизерот, фановите ќе може да насетат како ќе изгледа најновата авантура на познатиот Агент 007.
Според официјалната најава, „Шифрираната порака од минатото на Бонд го праќа на пат на разоткривање на мистериозна организација“.
Филмот се снимаше на повеќе локации во Европа и Јужна Америка, а во првиот тизер може да се видат деловите од филмот кои се снимени во Австрија.
Режисер и на овој филм е Сем Мендес, а главната улога повторно е на Даниел Крег. Покрај него како највозрасната Бонд девојка до сега, се појавува Моника Белучи.