Денес Dua Lipa нè воодушеви со неверојатното видео на последниот сингл “Lost In Your Light”, во кој учествува Miguel.
Спотот е снимен во Ел Еј и ги презентира Dua и Miguel, кои летаат низ градскиот пејзаж.
Досега 2017 е исклучително успешна за младата лондончанка – таа заслужено има 3 синглови, кои влегле во топ 15 во Велика Британија истовремено – хитот “Be The One”, како и парчињата со Sean Paul и Martin Garrix.
По големата нејзина турнеја во Велика Британија и Европа, пејачката се врати во Shepherd “s Bush Empire во Лондон, а во март 2018 ќе загрева за Bruno Mars, избрана од него, во својата турнеја.
Повратните информации за неа се повеќе од позитивни: “Подготвена е да стане опасно фасцинантна поп ѕвезда”, пишува NME “Омилената на сите поп ѕвезда во 2017” – Hunger Magazine “Најновата ѕвезда во попот е жешка сега, но оваа година може да се покаже уште пожешка! ” – Evening Standard “Поп сензација во развој”, коментира Elle.
Минатата недела Dua Lipa објави најопширните си европска турнеја до сега со 20 концерти во 9 држави. “The Self-Titled Tour” започнува со шоу во The Dome во Брајтон пред да ја обиколи Велика Британија и да помине низ Франција, Германија, Луксембург, Норвешка, Шведска, Данска, Белгија. Кулминација на турнејата ќе биде во Brixton O2 Academy во Лондон.