Петнаесетминутниот молк пред зградата на градското собрание на Нови Сад беше прекинат денеска со аплауз од насобраните граѓани за полицајците кои ги спуштија штитовите.
Да потсетиме, денеска додека граѓаните протестираа пред градското собрание и се судрија со полицијата, кандидатот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Жарко Миќин беше избран за градоначалник на Нови Сад.
Тој е избран со гласовите на советниците на СНС и коалиционите партнери кои единствени учествуваа во работата на Собранието, додека советниците од опозицијата, според нив, биле спречени да влезат во зградата и да присуствуваат на седницата на локалниот парламент.
Луѓето фрлаа по полицијата со јајца, боја, јогурт, брашно…
Насобраните граѓани кон полицијата фрлаа со јајца, црвена боја, јогурт и брашно, а на штитовите им залепија налепници со симболи на граѓански отпор.
Пред 11:52 часот, кога вообичаено почнува 15-минутниот молк, граѓаните ги повикаа припадниците на полициската бригада да ги спуштат штитовите, наведувајќи дека нема да бидат пукано врз нив и дека можат да им оддадат почит на загинатите во уривањето на настрешницата.
Како што јави репортерот на Н1 Србија, кога започна молкот, повеќето полицајци ги држеа штитовите високо, но тогаш еден млад полицаец од првите редови во еден момент јасно го спушти штитот. На видеото што го објавија се гледа како друг полицаец го спушта штитот.
Граѓаните потоа го прекинаа молкот и ракоплескаа, а еден активист се приближи до еден од полицајците.
Потоа продолжи петнаесетминутниот молк, а во 12:07 повторно почна вревата и повторно почнаа да летаат брашно и јајца кон зградата на Собранието во Нови Сад.