Полицијата не дозволи демонстрантите кои денеска ја блокираа крстосницата на улицата Рузвелтова да му пристапат кон градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски кога го забележале неговиот автомобил../извор а1он
https://youtu.be/hhqP_7UAwvo
Тие го забележаа автомобилот на 100 метри од блокадата и сакаа да се доближат кон него со знаме од Шарената револуција, но полиција во униформа ги спречи слободно да се движат, а беа повикани и алфите кои им забранија на демонстрантите да се приближат и до сопствените автомобили се додека не беа сигурни дека нема никаква закана за Коце Трајановски, односно додека не замина од гужвата.