(ВИДЕО) Полицијата насилно ја пикна девојката во автомобил: Студентка во Иран се соблече во знак на протест

од Илинка Илиоска
110 прегледи

Студентка на еден универзитет во Иран „насилно е уапсена“ откако се соблекла во долна облека во храбар протест против строгите закони за облекување во земјата.

Неименуваната млада жена го извела својот смел протест на 2 ноември пред Исламскиот универзитет Азад во Техеран.

На шокантната снимка може да се види како на почетокот седи на ѕидот во долна облека пред да почне да се движи низ преполната толпа. Во Иран, строг режим спроведува строг кодекс за облекување кој по закон обврзува сите жени да носат хиџаб, облека што ја покрива главата.

Повеќето жени се облекуваат конзервативно, избегнувајќи какво било изложување на гола кожа од страв да не бидат пријавени од застрашувачката „морална полиција“ на земјата – упорни поддржувачи на исламскиот режим.

Амнести Интернешнал во Иран, споделувајќи го видеото на Твитер, побара: „Иранските власти мора веднаш и безусловно да ја ослободат студентката која беше насилно уапсена на 2 ноември откако ја соблече својата облека во знак на протест против злоупотребата на присилното покривање од страна на безбедносните службеници на Исламскиот универзитет Азад во Техеран“, пренесува Mirror.

„До нејзиното ослободување, властите мора да ја заштитат од тортура и други форми на малтретирање и да обезбедат пристап до семејството и адвокат. Наводите за тепање и сексуално насилство против неа за време на апсењето бараат независна и непристрасна истрага. Одговорните мора да сносат одговорност“, се наведува во соопштението.

Иранката Махса Амини почина во 2022 година откако беше уапсена од властите поради „неправилно носење на хиџаб“. Нејзината смрт предизвика глобални протести и доведе до тоа повеќе жени да се спротивстават на репресивната држава.

Во безбедносната акција, полицијата уби повеќе од 500 луѓе, а приведе 22.000, пренесува Ekspres.

По овој најнов протест, Амир Маџуб, генерален директор за односи со јавноста на Исламскиот универзитет Азад, напиша на Твитер: „По непристојниот чин на студентка на научно-истражувачкиот огранок на универзитетот, интервенираше обезбедувањето на кампусот и ја предаде лицето на органите за спроведување на законот“.

Се наведува дека за време на апсењето, жената можеби била тешко повредена кога безбедносните сили ја фатиле од улицата. Според иранската студентска опозициска група, студентката се соблекла откако била малтретирана бидејќи не носела марама и откако безбедносните сили и ја искинале облеката.

Во билтенот на групата Амир Кабир се додава дека во тој регион биле забележани „трагите од крв“ и се смета дека девојката со глава удрила во врата од автомобил или бетонски столб.

Слични содржини