(ВИДЕО) Полицијата со пендреци мава по мигрантите за да ги спречи да влезат во воз

од desk3
210 прегледи

Во Фејсбук групата Да помогнеме на азилантите во Македонија беше објавено видео на кое се гледа како полицијата се обидува да спречи мигрантите да влезат во воз за да ја поминат Македонија. Еден од нив мава по мигрантите со пендрек.

Не е познато кога е снимено видеото, но се знае дека Собранието ги изгласа законските измени со кои мигрантите би требало без проблеми да го користат јавниот превоз за да ја поминуваат територијата на Македонија.

Според информациите од МВР, веќе е изготвен документот со кој мигрантите ќе можат слободно да ја поминуваат земјава, без страв дека полицијата ќе ги гони, а веќе и граничната полиција и таа од внатрешноста била информирана дека новиот закон за азил стапи во сила.

POL

Во Македонски железници, според информациите на Алфа телевизија, било разговарано за пуштање на повеќе линии. Дополнителни автобуси од Гевгелија, ако има потреба, најавија и од автобуската станица во Скопје. Според надлежните мигрантите ќе можат да си купат карта и тоа по редовни цени и слободно да се возат./Либертас