(ВИДЕО) Полицијата со водени топови и солзавец ги растерува демонстрантите во Тирана

од Milan1
58 прегледи

Протестот на опозицијата во Тирана вечерва помина со инциденти и судири меѓу граѓаните и полицијата. Од 17 часот, поддржувачите на опозицијата, кои се собраа во пет различни делови на градот, ги блокираа главните сообраќајници.

Интервенирала полицијата која се обидувала да ги одблокира улиците за сообраќај и минување на возила за итни случаи, но приврзаниците на Демократската партија ги спречиле во тоа.

Полицијата одговори со солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Опозицијата предводена од Демократската партија го организираше денешниот митинг против актуелната албанска влада.

Од плоштадот Вилсон, шефот на пратеничката група на демократите, Газмент Барди, побара од полицијата да ја изврши својата должност гарантирајќи мирен собир и пренасочување на сообраќајот.

„Тоа не е блокада, вие имате обврска да гарантирате мирен и граѓански собир и да преземете мерки за регулирање на транспортот“, рече Барди.

На собирот пред градското собрание во Тирана, полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите. Ова е трет пат опозицијата да ги блокира улиците на Тирана, барајќи формирање техничка влада која ќе организира парламентарни избори следната година.

Слични содржини