(ВИДЕО) Полициски кордон ги спречи демонстрантите да стигнат до ЕУ-инфо центарот

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Демонстрантите се запрени кај зградата на Нова Македонија. Колоната е долга до Влада, а целиот булевар свети Климент Охридски е преплавен со народ. Се преговара за дозвола да се приближат до седиштето на ДИК.

Претходно колоната демонстранти замина од пред Влада и се движеше по булеварот свети Климент Охридски. Граѓаните имаа намера да одат кин седиштето на ЕУ во Скопје, како опомена и протест во пресрет на преговорите во Виена.
Граѓаните пред Владата,  бараа оставка од Ѓорге Иванов и комплетната Влада.
13016474_10208890260155515_869173413_o
13072213_10208890187833707_1339513710_o1

Инаку, полицијата ја затвори за протест улицата Илинденска. Претпоставките беа дека се попречува евентуален протест, кој би се одржал пред Министерство за култура, кое вчера беше обоено од гневот на демонстрантите. Некои од нив седнаа на улица, пред полцијата/извор а1он и Мета.