Помошникот на јапонскиот премиер Сеиџи Кихара се извини што ги држел рацете во џебот за време на службеното патување во САД кога премиерот Фумио Кишида разговараше со новинарите пред Блер Хаус во Вашингтон, објави денеска „Гардијан“.
Кихара на Јутјуб призна дека мајка му го искарала поради ова и му рекла дека треба да се „засрами“.
Корисниците на социјалните мрежи велеа дека Кихара има лоши манири.
На Кихара (52) телефонски му се јавила мајка му и му кажала дека се засрами од неговото однесување и му предложила да ги сошие џебовите.
【速報】岸田首相は日米首脳会談後、記者団に、「バイデン大統領との個人的な信頼関係も一層深めることができた。日米同盟を一層連携を強く確認できたという手ごたえを感じている」と述べました #日米首脳会談 pic.twitter.com/50PyaP4RIC
— 朝日新聞官邸クラブ (@asahi_kantei) January 13, 2023
Инцидентот се случи на 13 јануари за време на посетата на Кишида на пет земји во Европа и Северна Америка, во која беше вклучен и неговиот прв самит како премиер со американскиот претседател Џо Бајден.
На видеото се гледа дека кога Кихара сфатил дека го снимаат, ги извадил рацете од џебовите и ги прекрстил.
Весникот „Асахи Шимбун“ го објави клипот на Твитер, предизвикувајќи критики од корисниците на социјалните мрежи.
Кихара не е првиот политичар кој привлекува критики поради заземање на лежерен став, што во Јапонија се смета за несоодветно однесување во одредени социјални и професионални ситуации.
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон е критикуван затоа што ги ставил рацете во џеб на самитот на НАТО во Брисел во 2022 година додека гледал како другите лидери се ракуваат и разговараат.