(ВИДЕО) Поранешниот ас на Фенербахче застрелан во стапалото

од Milan1
20 прегледи

Серхат Акин, поранешен играч на Фенербахче и Турција, беше застрелан во стапалото во четвртокот во Истанбул. Нападот се случил кога Акин излегол од студиото каде работел како коментатор по натпреварот од Лига Европа во кој Фенербахче го совлада Унион Сент Жилоа со 2:1.

Акин, кој во периодот од 2002 до 2006 година, 16 пати го носеше дресот на турската репрезентација, беше префрлен на лекување во болница.

Тој на социјалните мрежи објави слика од раскрвавена нога со порака.

„Ми пукаа во нога и ми рекоа „последниот збор ни е Фенербахче“.

Претходно во студиото Акин изјави дека додека играл за жолто-сините, еднаш му се заканил Али Коч, првиот човек на Фенербахче.

Нападот врз Акин го осудија Фенербахче, турската федерација, како и белгискиот Андерлехт, чиј дрес го носеше и тој.

Слични содржини