Жестоките борби на владините сили против терористите во Сирија продолжуваат, соопштува сајтот “Русская Весна” .Новинарите од сириските медиуми објавуваат информациите за 20 октомври, соопштена од Министерството за одбрана во земјата.
Провинција Деир-ез-Зор
Воен извор потврдува дека за време на специјална операција во провинцијата Деир-ез-Зор се уништени многу борци од “Исламска држава.
Изворот забележува дека на 10 километри од градот Деир-ез-Зор, во населбата Ал-Мреија армиско единица влегле во вооружен судир со терористите и тројца од нив биле ликвидирани.
Во околината на воениот аеродром на Деир-ез-Зор војската уништила голем број техника, опремена со големо0калибарски митралези.
Во населбата “Аш-Шеик Јасин” во истиот град војници го нападнале најблискиот пункт на терористи од “Исламска држава”, и им причиниле огромни загуби на жива сила и техника.

Провинција Алепо
Армиска единица уништила 20 терористички топови и магацин со муниција во провинцијата Алепо, во реонот на Кафр-Кар.
За време на операцијата против терорристите кои се стационирале и криеле на околу населбите Еш-Шеик Лутфи, Ас-Сфира, Тел-Алјам, Тел Ас-Сус, Ал-Амара, Деир-Хафир, Ал-Мансур, Тел-Рафаел и Маарата, Сириската армија заедно со единиците на народното движење ликвидирале голем број борци заедно со оружјето и муницијата .
Во населбите “Ал-Амер”, “Ар-Рашидин” и “Кармен Ал-Џеб” на градот Алепо војската нанела прецизни удари по засолништа на терористи од организацијата «Џебхат Ан-Нусра *», и им предизвикале големи загуби на жива сила и техника.
Во околината на Аз-Зибдија и во соседството “Ал-Машхад” војската уништила скирени и импровизирани топови на борците што пукал со гасни балони.
Латакија
Во северната провинција Латакија се уништени голем број терористи. На страниците на социјалните мрежи борците признаваат за смртта на тројца од своите водачи.
https://youtu.be/oC66-IaWvoM