За последното деноноќие руската авио-ескадрила во Сирија Су-34 и Су-24М извршила повеќе од 20 напади против 9 објекти на “Исламска држава”, вели на брифинг во Москва официјалниот претставник на Министерството за одбрана ген. Игор Конашенков.
Три објектот од терористичката инфраструктура се погодени само ноќе, станува јасно од брифингот, соопштува “Новости”.
Преку насочени удари со бетонско-пробојни авиобомби БЕТАБ-500 од Су-34 во реонот на населеното место Ракот е уништен заштитен команден пункт, како и подземен бункер со складирани во него експлозиви и муниција, вели уште генералот.
Тој коментараше снимка, истакнувајќи дека моќната експлозија, предизвикана од ударот сведочеше дека во складот се чувало голем број муниција. Снимката покажува дека објектот е целосно уништен, истакнува Конашенков.