(ВИДЕО) Потпретседателот на САД Џеј-Ди Венс пристигна во Индија

од Milan1
21 прегледи

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј-Ди Венс пристигна во Индија во четиридневна посета на таа земја.

За време на посетата, Венс ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди, со кого ќе разговара за зајакнување на трговските односи и заедничките цели на двете земји.

САД се најголемиот трговски партнер на Индија, а во моментов се преговара за нов трговски договор кој би можел да го зголеми обемот на трговијата на 500 милијарди долари до 2030 година, објави АП.

Слични содржини