Дваесет и седум жртви има од директниот судирот на возови крај Бари во Италија.
Дрон ги сними последиците од тешката железничка несреќа во Италија.
Дваѕа патнички воза се судрија на пладне меѓу градовите Корато и Андрија во околината на град Бари. Италијанскиот премиер Матео Рензо го посети местото на несреќата и вети дека владата ќе стори сé за да се утврди причината за трагедијата и кој ја носи одговорноста за несреќата.
Повредени се околу 50 лица. Меѓу нив е и еден од возачите, кој управувал со еден возовите, кој бил однесен во болница и е во многу тешка состојба. Другиот возач загинал на лице место. Меѓу спасените имало и бебе.
https://youtu.be/jYdbcvhiEMQ
Железничката линијата беше еднонасочна, аекспертите сметаат дека еден од возовите не требало да се наоѓа на патот.
Од своја страна, шефот на државата на Италија Серџо Матарела изјави дека “одговорностите и можните недостатоци треба да бидат веднаш и точно констатирани„.
