(ВИДЕО) Повеќе од 1,6 тони кокаин запленети покрај брегот на Доминиканска Република

од Milan1
18 прегледи

Доминиканските власти запленија над 1,6 тони кокаин во голема антинаркотична акција спроведена во водите кај провинцијата Педерналес. Операцијата, која траела повеќе од 12 часа, била координирана од обвинителството, а во неа учествувале единици на Дирекцијата за контрола на дрога (ДНЦД), морнарицата, воздухопловните сили и разузнавачките служби, пренесува Си-Би-Ес.

Пресретнат бил глисер, опремен со два мотори од по 250 коњски сили, во кој биле пронајдени 1.536 пакети со црни кеси. Лабораториските анализи потврдиле дека се работи за вкупно 1.611 килограми кокаин.

Уапсени се тројца државјани на Доминиканската Република и еден Колумбиец. Покрај дрогата, запленети се и комуникациска опрема, гориво, лични предмети, како и мини-фрижидер со пијалоци.

ДНЦД соопшти дека оваа заплена е една од најголемите во историјата на земјата и ја нагласи важноста на заедничката акција со домашните и меѓународните партнери во борбата против организираниот криминал.