Повредениот работник од експлозијата во фабриката во Богданци кој поради сериозноста на повредите итно бил префрлен во Градската болница во Скопје е во стабилна состојба. Тој има 30 отсто изгореници по телото, а од експлозијата најмногу повреди има на лицето и екстремитетите. 40-годишниот пациент по третирањето на раните е префрлен на интензивна негa, информира 24Вести.
