
Најголемиот дел од повредените патници во тешката сообраќајна несреќа во Турција се вратија дома, освен неколкумина меѓу кои и најтешко повредената која заврши со ампутирани нозе. Таа се`уште е хоспитализирана во турската болница, информира Телма.
Со организиран превоз на туристичката агенција „Бога Транспорт“преку која заминале во Истанбул патниците денеска безбедно пристигнале во Македонија.
Одделно патувал само еден брачен пар, кој инсистирал во Македонија да се врати во приватна режија.
Од македонското МНР информираат и дека во тек е комплетирање на документацијата за транпорт на телото на загинатиот патник, 45-годишниот стумичанец.
Според информациите во турските медиуми, 28-годишниот возач на камионот во кој удри автобусот со македонски патници е во притвор. Тој е и единствениот кој од несреќата се извлече без повреди.
Целиот текст можете да го прочитате тука