Студентите во Србија им оддадоа почит на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, но и на жртвите од злосторството што се случи во Цетиње.
Блокадите на кои им се приклучија граѓаните и предводени од студенти кои ги блокираа факултетите траеја од 11:52 до 12:21 часот, со цел тивко да им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември и на загинатите во вооружените напади во Ариље на 31 декември и Цетиње на 1 јануари.
Студентите од Нови Сад се собраа пред Технолошко-техничкиот факултет пред најавената блокада на Варадинскиот мост, која траеше 29 минути. На мостот пристигнале во 11 часот и 45 минути, блокадата траела 29 минути и завршила навреме, со еден инцидент.
Додека студентската колона поминувала на Кејот, се случил инцидент. Еден возач застанал и излегол од автомобилот за да се расправа со студентските редари. Но после тоа од друг автомобил излегол друг возач и се судрил со него сакајќи да ги одбрани студентите.
Возачот на црното „бмв“ се обидел да вози низ толпата студенти. Граѓаните го бркале, а тој побегнал по улицата.