(ВИДЕО) Пожар во индустриската зона на Марибор: Неколку милиони евра штета, но нема повредени

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Пожарникарите успеаја да изгаснат голем пожар кој во саботата вечерта избувна во индустриската зона во Марибор, Словенија, јавува 24ur.

Според досега познатите информации нема повредени, а штетата се проценува на неколку милиони евра.

Се претпоставува дека пожарот се проширил на пластичните материјали складирани во монтажни шатори, а според командирот на противпожарната служба во Марибор се движел со таква брзина што било невозможно да се локализира.

Во гаснењето на пожарот, покрај 200 професионални пожарникари од Марибор, учествувале и 18 доброволни противпожарни единици од Марибор и околината.

Слични содржини