(ВИДЕО) Познат актер покажа што прави за да одржува мускулесто тело

од Vladimir Zorba
288 прегледи

КРИС ХЕМСВОРТ на својот Инстаграм профил објави како изгледа неговата рутина за вежбање и ги покажа мускулите, а видеото им се допадна на 1,3 милиони луѓе. 40-годишниот актер вежбаше со ултрамаратонскиот пливач Рос Едгли и се пофали со својата сила.

„Во последно време тренирам многу помалку со тежини и вградив спринт вежби и пофункционални движења. Солидна рутина за вежбање на целото тело. Добро се чувствувам. И во случај да се прашувате да, го оставив Рос Едгли во прашината ..“ се пошегува тој.

Актерот и пливачот вежбале без маица, а почнале со трчање додека друштво им правело мало куче. Актерот потоа покажа како изведува различни вежби во својот двор.

Инаку, видеото е дел од неговата фитнес апликација Centr, персонализирана дигитална платформа преку која австралискиот актер ги мотивира луѓето да вежбаат.

Слични содржини