(ВИДЕО) Правни сиви зони во функционирањето на МВР

од Vladimir Zorba
111 прегледи

miomir_15
Петнаесет раководители на сектори и оддели во целото МВР, и преместувања на 10 проценти од просечните годишни разместувања по хоризонтално ниво во полициските единици – ова се посебните овластувања на опозицискиот министер за внатрешни работи согласно пржинските закони, информира Телма.

Така на Оливер Спасовски му се отвора можност да назначи нови началници на секторите за внатрешни работи или на врвот на централните полициски сили, во кои спаѓаат и специјалците. Во таа бројка од 15-мина раководители, Спасовски ќе има право да назначува дури и началници во оделите на тајната полиција во УБК. Но иако Спасовскиј ќе ги назначува началниците во јавната безбедност, тие согласно законот за полиција ќе му одговараат на директорот на Бирото за јавна безбедност кого го назначува владата и каде од синоќа е екс министерот Митко Чавков.

Едно барем е сигурно, дека во Централниот регистар нема да мора да се менува овластеното лице на МВР, односно министерот- таму според денешен документ уште стои дека Оливер Спасовски е министер и овластено лице. Иако уште од мај до вчера министер беше Митко Чавков, а сега е Оливер Андонов- никој не го сменил името на министерот во влошката на Централниот регистар. Сега се отвора и прашањето дали одлуките кои како министер ги потпишал Чавков или евентуално Андонов се во правна сила.

Целиот текст можете да го прочитате тука