ВИДЕО: Пред да натера момче да го бакне, Далај Лама ја допирал и Лејди Гага

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Будистичкиот лидер Далај Лама се најде во центарот на скандал во последните неколку недели откако пред камерите побара од малолетно момче да го бакне. Ова не е прв испад на овој верски поглавар.

Лама се извини за инцидентот со момчето.

Сепак, корисниците на Твитер сега извадија старо видео од 2016 година, во кое Далај Лама несоодветно ја допира поп-ѕвездата Лејди Гага, а таа преку кисела насмевка се обидува да остане учтива, обидувајќи се да ја тргне неговата рака од нејзиното колено.

На снимката од 17 секунди се гледа како верскиот водач обрнува внимание на жена која зборувала за време на конференција на која присуствувала и Гага – таа седела до него. Потоа погледнал надолу во ногата на Гага и видел дека таа носи искинати панталони околу колената. Потоа ја испружил левата рака и со прстите ја допрел кожата на Гага.

Кога се обидел да го стори истото на другата нога, поп ѕвездата го фатила за рака и го запрела. Со кисела насмевка таа се обидела да му ја оттурне раката.

Слични содржини