(видео) Прекината седница на Домот на народите во БиХ: Бошњаците ја напуштија седницата

„Ова е закон што ги погодува темелите на БиХ“, истакна делегатот на СДА во Домот на народите, Шефик Џарефовиќ.

од Бети Божиноска
276 прегледи

Клубот на Бошњачкиот народ во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ ја напушти денеска седницата во Домот на која беше изгласано на дневен ред да се најде Предлог-законот за Уставниот суд на БиХ, по што седницата беше прекината поради немање кворум, пренесува „РТРС“.

Домот на народите на Босна и Херцеговина го сочинуваат делегати од Бошњаци, Срби и Хрвати.

„Не сакаме никакви ризици од ваков вид и да му се препуштиме на исчекувањто, би било опасно ако овој закон биде прифатен дури и во еден дом. Ова е закон што ги погодува темелите на БиХ“, истакна делегатот на СДА во Домот на народите, Шефик Џарефовиќ.

Делегатот на СДС во Домот на народите, Желимир Нешковиќ побара да се гласа дали неговиот предлог-закон ќе се најде на дневен ред на денешната седница.

Делегатот на Српскиот народен клуб, Радован Ковачевиќ, изјави дека со напуштањето на денешната седница, делегатитеод Клубот на Бошњачкиот народ во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, ја блокирале БиХ во време кога е на два дена од одлуката за отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и БиХ.

Тој изјави дека тоа е неодговорно и несериозно однесување.

„Тоа не е однесување кое на кој било начин може да се толкува како добро кон Босна и Херцеговина, ниту кон која било нација или ентитет во БиХ“, изјави Ковачевиќ по прекинот  на денешната седница.

Реагирајќи на изјавата на Џаферовиќ дека мислел оти Предлог-законот за Уставниот суд е само конфликт меѓу СНСД и СДС, Ковачевиќ рече дека тоа покажува оти Џаферовиќ им се радува на конфликтите во Република Српска и дека не му паѓа на памет да разговара со Србите и Хрватите за клучни прашања кои ја попречуваат иднината на БиХ.

Уставниот суд на БоХ се соочува и со недостиг на судии од Република Српска, што го доведува во прашање одржувањето на пленарните седници. Додик неодамна најави дека нема да има назначувања од РС додека Уставниот суд на Босна и Херцеговина не го напуштат странските судии.

Слични содржини